74
Не помина ниту една година откако му донесе сензационална титула во Премиерлигата на Лестер, Клаудио Раниери доби отказ кој синоќа проструи како шок.
Многумина сметаа дека по таквиот успех и по цена на испаѓање Лестер требаше да го задржи Раниери, но така не мислат и сопствениците на клубот.
Еден од оние кои се јавија со поддршка беше и жозе Мурињо кој на својот инстаграм профил објави фотографија со Раниери и напиша:
„Шампион на Англија и ФИФА менаџер на годината, отпуштен. Тоа е новиот фудбал Клаудио. Продолжи да се смееш пријателе, никој не може да ја избрише историјата која ти ја напиша“.