„Ел Класико“
пресметките беа прилично тензични кога Жозе Мурињо седеше на тренерското столче
на Сантијаго Бернабеу. Португалецот знаеше како да ја вжешти атмосферата а
играта на „нож“ придонесе да се заладат односите помеѓу шпанските репрезентитци
од Барса и Реал.
Еден таков момент
се случи и вечерва, кога во финишот на првиот дел, Серхио Рамос го удри Лео Меси.
Летаа искри помеѓу двајцата капитени, а „специјалниот“ вели дека дефанзивецот
имал намера токму тоа да го стори.
„Во првиот дел,
двата тима кога ја имаа топката не се обидуваа премногу да му нанесат удар на
противникот. Немаше интензитет ниту во дефанзивните акции и сите играа со ниско
темпо“ – вели Мурињо.
„Ја немаше онаа
температура на право дерби, на „класико“ кое може да ја реши титиулата. Па
мислам дека Рамос добро знаеше што прави и што сака, односно дека мора да се промени
играта“.
„Па сметам дека имаше
намера во неговиот старт со цел да се вжешти атмосферата и во второто полувреме
температурата да биде сосема поразлична, бидејќи до тој момент, играта беше
прилично мека“.