270
Според „Дејли Мејл“, Марсел Сабицер е трансфер цел на Жозе Мурињо во јануарскиот преоден рок. Неговата цена е околу 50 милиони евра.
Овие пари Тотнем би ги добил од продажба на Деле Али во ПСЖ, па сопственикот на клубот, Даниел Леви нема да треба да одвојува повеќе средства.
Сабицер импресионираше на дуелите меѓу Тотнем и Лајпциг во Лигата на шампионите минатата сезона.
Тој е засилување како што Мурињо посакува бидејќи може да игра на повеќе позиции во средниот ред, креативец е, а на овој состав на Тотнем добро би му дошло таков играч.