Њукасл одново
донесе големо разочарување за навивачите на Тотнем откако извлече реми со
резултат 2-2 на свој терен против фаворитот, а претходно ремизираше и со 1-1 на
гостувањето во Лондон сезонава.
Бодот против
аутсајдерот и еден од најголемите кандидати за преселба во понизок ранг од
Премиерлигата, за Тотнем е голем проблем во битката за топ четирите позиции, а
доста конфузија во јавноста предизвика Жозе Мурињо по мечот на „Сент Џејмс Парк“.
Мурињо запрашан
за изоставувањето на дефанзивецот Тоби Алдервирелд, посочи дека Белгиецот,
вклучително со Серж Орие „задоцниле“ при стартот на подготовките на тимот, иако
тоа не беше случај, односно тренирале дури во сабота, на ден пред мечот.
„Тие беа
подготвени за настап, немаа никаков проблем со повреди, меѓутоа беа на тренинг
само вчера, беа со своите репрезентации претходно и не успеаа навремено да ги
реализираат тестирањата за ковид-19 за да бидат на тренинзите од четвртокот, а
ниту во петокот не беа присутни, туку тоа го сторија вчера“ рече Мурињо.
Сепак, 32
годишниот Алдервирелд во Лондон пристигнал во средата попладне, беше дел од
мечот на Белгија против Латвија, а својот лет назад на Островот го имаше ден
подоцна, исто така, беше „регистриран“ на тренингот во петокот за што доволно
говори и видеото од самиот клуб, а „Стандард“ објави дека Белгиецот бил
тестиран во средата веднаш штом пристигнал, а тренирал и во четвртокот.