Мурињо сака да го врати Ериксен во Тотнем, но има еден проблем

by
1 минути читање

Пред една година Ериксен од Тотнем се пресели во Интер за сума од околу 20 милиони евра. 

Данскиот фудбалер не се снајде најдобро во Милано, одигра само 13 мечеви во сите натпреварувања оваа сезона и ќе биде продаден во јануари.

Дел од италијанските медиуми пишуваат дека Тотнем сака да го врати Ериксен во тимот но проблемот е неговата плата.

„Скај Спорт Италија“ пишува дека Тотнем најпрво сака да го ангажира на позајмица до крајот на сезоната, но проблем е платата од 7,5 милиони евра. Тие не се расположени да ја одвојат сумата за негова плата која тој ја има во Интер.

Интер засега се уште нема добиено официјална понуда за Ериксен, но се очекува да се најде купувач за него, а дали ќе биде тоа враќање во Тотнем, ќе се знае во наредните денови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×