Мурињо: Регилон ме разочара, му дадов неверојатен подарок мислејќи дека ќе биде сам за Божиќ, а тој… (ФОТО)

by
1 минути читање

Мурињо мислеше дека Регилон ќе биде сам за Божиќ бидејќи неговата девојка беше во Шпанија. Португалецот тогаш му подари печено прасе што е традиционално јадење за празниците на пиринејскиот полуостров.

Но денеска осaмна слика на социјалните мрежи од која се виде дека Регилон не само што не бил сам, тој бил со фамилиите на Ламела, Ло Селсо, Ланзини и други, собрани групно со што ги прекршија сите можни ковид мерки.

Тотнем ќе ги казни фудбалерите, а Мурињо се чувствува изневерено од Регилон.

„Му дадов неверојатен подарок. печено прасе што е многу значајно за Португалците и Шпанците во овој период“, вели Мурињо.

„Му го дадов тоа бидејќи ми беше кажано дека сам ќе го помине Божиќ. Но како што можевте да видите тој не беше сам“.

„Ние во клубот се чувствуваме разочарано. Сите фудбалери ги едуцираме како да се однесуваат во овој период, им ги даваме сите услови што им требаат и се разбира дека не сме среќни. Ова беше негативно изненадување за нас“.

„Нема да навлегувам во тоа дали и какви казни ќе добијат, како ќе се справиме со нив. Тоа ќе остане интерна работа на клубот. Можам само да кажам дека се чувствувам разочарано“.

Фотографијата која го налути Мурињо и раководните луѓе на Тотнем:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×