Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, според информациите кои ги
објави „Сан“, размислува да тргне по Џердан Шаќири од Стоук.
Со оглед на тоа
што Стоук испадна од најсилниот англиски фудбалски шампионат, Премиерлигата,
Швајцарецот би можел да биде ангажиран за 12 милиони фунти, нешто, што за екипа
како Манчестер јунајтед не би претставувало проблем.
Швајцарецот
приоритет му е да остане во Премиерлигата, барем такви се неговите желби, но,
не откри ништо поконкретно во неговата изјава дадена за јавноста.
„Во моментов не
можам да кажам ништо, ќе ја дознаете одлуката околу мојата иднина наскоро. Се
надевам дека ќе останам во Премиерлигата, сепак, никогаш ништо не се знае…“
рече Шаќири.
Истовремено, кога
сме веќе кај Манчестер јунајтед, тимот од Олд Трафорд има опција да го доведе
во своите редови Марио Манџукиќ, а за 32 годишниот хрватски напаѓач можно е да
има размена во која би бил вметнат Матео Дармиан кој би отишол во спротивниот
правец, поточно, во Јувентус.