На Мурињо му се закнуваше отказ по лошиот старт на Манчестер јунајтед, но се чини дека со победата над Њукасл и ремито со Челси притисокот полека се намалува.
Од друга страна му се избројани деновите на Хулен Лопетеги, па Реал Мадрид е во потрага по негова замена. Меѓу тренерите кои се споменуваат е и Жозе Мурињо кој со кралскиот клуб има титула во Примера.
„Среќен сум тука, сакам да го одработам мојот договор и би сакал да останам и по неговото истекување. Размислувам само на Манчестер јунајтед“, изјави Мурињо на прашањето за можното враќање во Реал Мадрид.
Според Мурињо, Јувентус е еден од најголемите кандидати за титулата во Лигата на шампионите.
„Јувентус има многу да понуди, година повеќе искуство со истиот тренер, истата структира веќе пет години, па тие се конкуренти за титулата“.
„Имаат неколку финалиња, домашната титула ја освојуваат седум години по ред и сега имаат еден навистина посебен фудбалер. Тие се повеќе од кандидати за титула“.