Мурињо смета дека Премиерлигата е најдобра не поради топ шест клубовите, туку поради сите клубови кои играат во неа бидејќи веќе нема слаби тимови, секој може да победи секого, а тоа најдобро се гледа оваа сезона.
„Игравме против многу добар тим, со многу добар тренер, добри фудбалери кои ви креираат потешкотии. Во Премиерлигата дојдов во 2004 година, тогаш имаше некои мечеви во календарот за кои најдобрите клубови знаеа дека ќе ги освојат трите бода уште пред тие да почнат. Сега веќе не е така. Премиерлигата е најдобрата лига во светот, не поради најдобрите шест екипи, туку поради секој тим во Премиерлигата“, вели Мурињо.
„Некои лиги се решени уште од почетокот, Премиерлигата не е. Нормално тим како Ливерпул кој ја заврши сезоната како шампион со можеби 20 бодови предност, треба да водат убедливо и сега, но реалноста е дека сите се блиску. Ќе победите на еден натпревар ќе се качите на второ, трето или четврто место, ќе загубите два бода и сте седми, осми или девети“.