Тотнем синоќа
загуби на гостувањето кај Антверпен во Лига Европа а Жозе Мурињо упати жестоки
критики на адреса на своите играчи по крајот на натпреварот, истекнувајќи дека
ако можел, ќе направел 11 измени на полувремето.
Потоа се огласи и
на социјалните мрежи и преку Инстаграм ги извести играчите дека ги казнил со
есктра тренинг, кој е закажан за 12 часот во петок.
Ваквиот потег не
му се допадна на Мартин Кион, легендата на Арсенал вели дека Жозе Мурињо се
однесува како мало дете.
„Ако треба нешто
да каже, тоа треба да го стори во соблекувалната а не вака јавно. Можеби ништо не
кажал во соблекувалната. Слушнавме дека не кажал ништо во соблекувалната,
само си излегол и ги оставил играчите“ – вели поранешниот дефанзивец, кој заедно
со Овен Харгривс го следеше натпреварот како стручен коментатор за БТ.
„Дел од играчите
сигурно беа повредени поради тоа што беа заменети на полувреме. Дури четворица
беа заменети, Деле Али беше еден од нив, сигурно ќе помислите дека ви завршила
кариерата во Тотнем. Но кога сте дел од група, вакви работи се случуваат.
Мислам дека играчите кои влегоа не беа ништо подобри“.
Овен Харгривс
потоа го праша дали тој би го следел својот тренер на Инстаграм, а Кион
одговори: „Нема да го следам, и би го поставил прашањето, дали вака ќе комуницираме?
Ако сака да разговара со мене и има нешто да ми каже, нека ми каже во лице. Што
има да објавува постови на социјалните мрежи? Кога одиграа 3-3 со Вест Хем,
наводно не зборувал со фудбалерите едно 4-5 дена, но затоа имаше што да каже во
медиумите. Вакви пораки се за во соблекувална, а не за на социјални мрежи. Ова
што го прави, се однесува како дете“.
„Фудбалерите
треба да молчат, а тој јавно може да кажува што сака. Доколку не играм доволно
добро, ќе го прифатам тоа и ќе работам напорно за да се вратам во тимот. Но
атмосферата треба да биде здрава, и не знам дали ова што го прави Мурињо е
здрава атмосфера“.