Синоќешниот пораз на Тотнем, значеше шести натпревар по ред на Мурињо без победа. Тоа е најдолгата низа на Португалецот без триумф во неговата кариера.
Во дел од вчерашните изјави по натпреварот Мурињо традиционално се жалеше но и ги потцени фудбалерите кои во моментов играат во неговиот тим.
„Навистина сме во неволја. Не сме ни тим, ние сме група на фудбалери кои можат да играат во моментов и се обидуваме да направиме тим. Немаме напаѓачи и не можеме да го загрозиме противникот. Едноставно така е. Па нашите противници се чувствуваат комфорно да нападнат кога играат со нас бидејќи знаат дека ние не можеме да ги загрозиме“, вели Мурињо.
„Сите фудбалери од клупата на Лајпциг би играле во мојот тим во моментов“.
Со ваквите изјави Мурињо може да го навлече гневот кај играчите од кои зависи неговата иднина. Токму поради тие проблеми настрада во Манчестер јунајтед.