„Црвените Ѓаволи“
попладнево прикажаа одлична партија против Ватфорд и славеа со 2-0 за
продолжување на серијата од 16 натпревари без пораз во Премиерлигата.
„Ни беше потребна
победа” – рече Жозе
Мурињо по крајот на натпреварот.
Серија од 16 средби без пораз е добро
постигнување, но ќе беше перфектно доколку победевме наместо да одиграме реми
на два или три натпревари на домашетен терен”.
Со триумфот над
Ватфорд, Манчестер јунајтед има негатива од 11 бодови во однос на Челси и натпревар повеќе, па
„Специјалниот“ верува дека ова е голема разлика за надополнување.
„Челси е многу
добар дефанзивен тим. Се бранат навистина добро и со многу играчи, па мислам дека
во ваква ситуација, дефанзивниот тим ќе ја освои титулата со голови од контри и
прекини”.
„Не очекувам дека
ќе се „лизнат“, но во фудбалот се може да се случи”.