Мурињо: Овој Тотнем сè уште не е блиску до мојот тим во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Тотнем постигна 31 гол на нивните последните девет натпревари во сите натпреварувања, тандемот Хари Кејн и Хеунг Мин Сон изгледа импресивно.

Мурињо кога ја освои Примера со Реал Мадрид, неговиот тим таа сезона постигна неверојатни 121 гол, имаше 100 бода и примено 32 голови.

И покрај импресивниот напад, Мурињо не е задоволен од играта во одбраната, начинот на кој загубија бодови од Њукасл, а особено од Вест Хем, покажува дека овој тим на Тотнем сè уште не е блиску до тој на Реал Мадрид.

„Во Реал Мадрид имав неверојатни офанзивни фудбалери и требаше да ја градиме играта на тимот на тој начин“, вели Мурињо.

„Треба да бидам искрен и да речам дека и тука имаме многу добри офанзивни играчи но ни треба стабилност во тимот, ни треба стабилност во дефанзивата, тимот да почувствува дека таа е солидна со што ќе се зголеми самодовербата. Потребно ни е да го најдеме балансот“.

„Ајде да речеме дека тоа е тимска работа, не индивидуална. Треба да можеме да играме со сите тие офанзивни фудбалери и потоа тимски со сите да бидеме подготвени да се организираме дефанзивно, да не му дадеме простор на противникот“.

„Јасно е дека треба да напредуваме во некои детали во играта во одбраната“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани