Мурињо нема да биде среќен по репрезентативните мечеви, еден од неговите омилени играчи е неизвесен за дуелот со Вест Хем

by
1 минути читање

Даер поради повреда во бутниот мускул не беше дел од мечот меѓу Англија и Данска, дефанзивецот е неизвесен за дуелот на Тотнем против Вест Хем.

Ерик Даер во финишот од минатата и почетокот на новата сезона стана еден од омилените играчи на Жозе Мурињо откако беше прекомандуван на позицијата централен дефанзивец.

Тој стартуваше на сите четири натпревари за Тотнем во Премиерлигата оваа сезона и со Дејвинсон Санчез го формираа одбрамбениот бедем пред Хуго Лорис.

Доколку Даер не може да игра, Мурињо ќе го замени со некој од Алдервирелд или Танганга.

Мурињо може да биде среќен што Хари Кејн остана неповреден иако и за него претходно се шпекулираше дека не е во најдобра состојба. Тој го одигра целиот меч против Данска, можби вложи и напор повеќе поради фактот што Англија повеќе од еден час играше со фудбалер помалку.

Тотнем и Вест Хем играат во недела со почеток од 17:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани