Мурињо не ја загуби смислата за хумор, еве како го објасни промашениот пенал на Ибра

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед одново разочара пред своите фанови, денеска освои само бод против
Борнмут и покрај тоа што цело второ полувреме го играа со играч повеќе.

Избраниците на
Жозе Мурињо пропуштија неколку шанси, а најзрелата ја имаше Златан Ибрахимовиќ,
кој промаши пенал.

И покрај тоа што
„Црвенит Ѓаволи“ имаа разочарувачко попладне и испуштија два бода во трката за
топ четири пласман, Жозе Мурињо реши да се пошегува по крајот на
средбата.

На прашањето за
пеналот на Ибра, кој беше само втор оваа сезона, Португалецот рече: „Престанавме
да вежбаме пенали бидејќи четири или пет месеци не сме добиле пенал
.

„Златан, Погба.
Овие момци престанаа да вежбаат пенали и сега, кога ни досудија пенал, не се
спремни да го изведат
.

„Можеби делува
смешно, но таква е ситуацијата
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани