Манчестер
јунајтед конечно дојде до победа по четири неуспешни обиди во сите конкуренции,
Црвените ѓаволи дојдоа до трите бода од дуелот против Њукасл во Премиерлигата
викендов а до истите стигнаа на потежок начин.
Њукасл иако
водеше 0-2, на крајот го прокоцка водството и си замина со пораз од 3-2, а
шефот на стручниот штаб на домаќините, наводно ја истурил својата фрустрација
во моментите кога неговите избраници стигнале до посакуваната предност на
крајот.
Медиумите на
Островот претспоставуваат дека камерите го уловиле Мурињо како пцуе на
португалски додека излегувал на теренот по последниот судиски свиреж, во
моментите кога аплаудирал кон домашната публика по неверојатниот пресврт.
Фудбалската
асоцијација на Англија наводно го разгледува овој случај, а доколку се докаже
дека Мурињо имал пцовки во саботата, сигурно дека ќе има и казна за
Португалецот чија иднина на Олд Трафорд се уште е неизвесна.