Црна Гора и Србија го имаа првиот меѓусебен фудбалски меч, славеа Србите со 2-0 со голови на Александар Митровиќ, а интересно беше и на трибините.
Мурињо седеше во ложата заедно со Предраг Мијатовиќ и Дејан Савичевиќ и на натпреварот го следеше можното дефанзивно решение за својот тим.
Португалецот има фрлено око на 21-годишниот стопер на Србија, Никола Миленковиќ кој оваа сезона игра фантастично за Фиорентина како десен бек. Србинот важи за еден од најдобрите млади дефанзивци во светот.
Висок е 195 сантиметри и може да игра како централен дефанзивец и десен бек. Мурињо во него гледа идеално решение за одбраната на Манчестер јунајтед која оваа сезона веќе прими многу голови.
Миленковиќ во Фиорентина пристигна минатото лето од Партизан за пет милиони евра. Оваа сезона ги одигра сите минути досега за виолетовите, а постигна и два гола.
Покрај Миленковиќ, Мурињо го следеше и Милинковиќ Савиќ за кој од поодамна е заинтересиран и во него гледа замена доколку Погба го напушти Манчестер јунајтед.