201
Озил синоќа одговараше на прашања од фановите. Едно од нив беше дали ако има понуда само од Тотнем, би потпишал за нив или би се пензионирал.
Одговорот на Озил беше дека попрво би се пензионирал отколку да потпише за Тотнем.
На денешната прес-конференција Мурињо беше прашан што мисли за тој одговор на Озил со кој заедно работеше во Реал Мадрид.
Мурињо одговори: „А кој му рекол дека Тотнем е заинтересиран да потпише со него“.