Мурињо му ја стисна раката на судијата: Се поздравив и му реков „многу честитки“

by
1 минути читање

„Не сакам да зборувам за тоа. Сакам само да речам дека сум горд на моите навивачи и на навивачите на Манчстер јунајтед. Имаме многу важен натпревар во четврток и сакам да се одмориме и да се подготвиме најдобро што можеме. Сите можат да анализираат од различни аспекти, но сите го гледавме натпреварот и пред црвениот картон и по него, така што можеме да ги споредиме двата жолти картони со други кои не беа досудени. Реков, не сакам да одам во таа насока. Мајкл Оливер е судија со фантастичен потенцијал, но во четири меча има досудено три пенали и еден црвен картон. Јас не можам да го сменам тоа“, рече Мурињо со очигледен тон на иронија.

Камерите го уловија моментот кога тој се поздрави со Оливер и му ја задржа раката неколку секунди додека да му каже што мисли. Сепак, одговори дипломатски.

„Се поздравив со него и му кажав ‘многу честитки’“, заврши тренерот на Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани