Двајцата кои имаа незаборавни денови во Челси, сега како тренери разменија низа жестоки реченици. А Португалецот на прес конференцијата одговараше и на прашања поврзани со тоа.
„Во врска со Френк, поважни ми се моите чувства кои ги имам кон него повеќе отколку зборовите кои ги разменивме… Тој секогаш ми даваше се што има како фудбалер и никогаш нема да го заборавам тоа“, вели Мурињо.
„Моите чувства за него секогаш ќе бидат чувства на тоа колку многу му должам за тоа каков фудбалер и пријател беше. Единствена работа која му ја кажував беше само мислење на постар тренер кон помлад талентиран тренер. А тоа беше дека на фудбалерите им требаме кога губат, а не кога победуваат. Кога победуваат не треба да сме протагонисти крај аут линијата, треба да бидеме таму кога губат“.
„На последниот нивни меч кога губеа 3-0, жал ми беше за него бидејќи тој беше тажен и молчелив на своето столче. Во поглед на фудбалот не можам да го научам ништо, бидејќи тој знае фудбал. Но му кажав само мое мислење, стои крај аут линијата кога твојот тим губи и седи мирен кога твојот тим победува“.