„Специјалниот“
минатата сезона имаше слична судбина како онаа што сега го снајде Клаудио
Раниери.
По слабите
резултати, Челси му врачи отказ на Жозе Мурињо, и покрај тоа што само неколку
месеци претходно „Специјалниот“ на „Сините“ им донесе титула во Премиерлигата.
„Минатата сезона,
кога бев избркан како шампион, мислев дека тоа е неправда” – вели Португалецот.
„Но сега гледам
дека тоа не е ништо во споредба со она што му се случи на Клаудио”.
„Тој веројатно
заслужува да го именуваат стадионот според него, но наместо тоа доби отказ”.
„Лестер испиша
историја две години по ред. Еднаш поради тоа што ја испишаа најубавата приказна
во фудбалот. И сега, поради одлуката која ги обедини речиси сите во светот на
фудбалот, бидејќи ова е многу, многу тешко за прифаќање”.