Мурињо кон фудбалерите на Јунајтед: Соочете се со притисокот или одете си дома

by
2 минути читање

Манчестер
јунајтед во изминатиот викенд одигра само 0-0 против Кристал Палас на свој терен,
а фудбалерите на Мурињо се уште немаат постигнато гол на домашен терен во
Лигата на шампионите оваа сезона иако се наоѓаат во добра позиција на табелата.

Па на прес
конференцијата пред мечот со Јанг Бојс, Португалецот беше запрашан што се
случува со играчите кога играат на Олд Трафорд.

„Доколку
чувствувате притисок, останете дома, а кога велам дома, не мислам на стадионот
дома, кога велам дома мислам да го гледате мечот пред ТВ“,
вели Мурињо.

„Доколку
чувствувате притисок да играте натпревари на свој терен каде луѓето дошле да ве
бодрат…ама ајде. Јас никогаш не сум чувствувал притисок дома“.

BetAdria.com: Манчестер јунајтед – Јанг Бојс: 1,27 6,00 11,90

Манчестер
јунајтед има слаб старт на натпреварите, но Мурињо вели дека тоа не е тактика,
напротив, тој сака тие веднаш да нападнат.

„Фрустрирачки е
бидејќи она што го сакам е тимот да нападне силно, да отиде директно на
противникот, не да чека, да не биде реактивен, туку проактивен“.

„Токму тоа го
сакам и веројатно вие и фановите мислите „оу Жозе им рекол да почнат бавно“,
„Жоезе им рекол да играат убаво и лесно и да чекаат што ќе се случи“ или „Жозе
им рекол да губат па да следи реакција““.

„Спротивно е. Јас
сакам тимот да почне силно, сакам да почнеме веднаш со напади и малку е
фрустрирачки што не е така“.

Манчестер јунајтед вечерва го пречекува Јанг Бојс во
петтото коло од Лигата на шампионите, со победа против швајцарскиот тим и
доколку Валенсија не го совлада Јуве, тимот на Мурињо ќе го завери пласманот во
осминафиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани