Мурињо: Каранка заслужи да добие отказ

by
1 минути читање

Оваа недела летна
уште една „глава“ во Премиерлигата, Мидлзбро реши да се раздели со Аитор
Каранка.

Шпанецот доби
отказ непосредно пред дуелот со неговиот добар пријател Жозе Мурињо и
гостувањето на Манчестер јунајтед на Риверсајд.

Па неизбежно беше
„Специјалниот“ да го прокоментира потегот на Мидлзбро. Португалцот со саркастичен тон им рече на новинарите: „Заслужи да добие отказ“.

„Во првата
година, Каранка го спаси Мидлзбро од испаѓање во третата лига“.

„Во втората
година, ги однесе на Вембли и играа во финалето од плеј-офот
”.

„Во третата
година, им обезбеди директна промоција во Премиерлигата
”.

„Па мислам дека
во четвртата година заслужи да добие отказ
”.

Запрашан дали
играчите влијаеле на одлуката на Мидлзбро, Мурињо одговори: „Да. Во овој
случај ги знам имињата
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×