Мурињо испрати порака до Клоп и издвои еден играч кој бил херој на Ливерпул против Тотнем

by
1 минути читање

„Специјалниот“
беше на Ванда Метрополитано како стручен коментатор за БеИН Спорт и го работеше
финалето од Лигата на шампионите покрај неговиот стар ривал, Арсен Венгер.

„Тренер кој
стигнал до три финалиња од Лигата на шампионите, тешко е да загуби едно, мора да
е многу, многу тешко да се загубат две, па затоа мислам дека денешниов ден е
феноменален за Јирген Клоп и еден од најубавите во неговата кариреа. Како
колега, јас сум многу среќен за него“
– вели Жозе Мурињо.

Тој потоа го
пофали и голманот Алисон Бекер.

„Ливерпул имаше
поставено блок од седум играчи, одигра солидно во одбраната. А кога Тотнем
успеваше да направи нешто и да креира шанса, играчот кој недостасуваше минатата
година сега беше тука (Алисон)“.

„Тој не беше
феноменален, не направи пет, шест или седум одбрани, но имаше неколку
интервенции со кој спречи Тотнем да дојде до изедначување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани