Евертон и Тотнем
синоќа одиграа возбудлив натпревар со девет погодока во кој „карамелите“ на продолженија
триумфираа со 5-4.
„Спарси“ добро го
започнаа дуелот, поведоа со 0-1 во 3. минута, потоа го имаа натпреварот
под контрола но им се стемни на пет минути и примија три гола.
„Уживав во
одредени моменти но имаше и моменти во кои не уживав“ – вели Жозе Мурињо.
„Имавме одлични движења, креиравме шанси и постигнавме голови. Покажавме карактер и се вративме во
мечот откако направивме неверојатни грешки. Видете, офанзивниот фудбал ви носи
победи само доколку не правите повеќе грешки од шансите кои ги креирате. Постигнавме
четири погодока и тоа на крајот не беше доволно“.
„Бевме подобриот
тим при 0-1 и во пет минути беше грешка, грешка, грешка, гол, гол гол“.
„Се вративме во
игра, но следеа нови грешки. Како игра на глушец и мачка. Глушецот се нашите
грешки, а мачката нашите обиди да компензираме за грешките“.