Жозе Мурињо во моментов работи како стручен аналитичар во „Беин Спорт“, а по крајот на оваа сезона се очекува да се врати на тренерската работа.
Неговото име најчесто се поврзува со враќање во некој од клубовите каде претходно бил, Реал Мадрид и Интер.
Мурињо на Интер му ја донесе историската тројна круна, а веднаш потоа замина во Реал Мадрид, тој вели дека нема проблем да се врати во некој од поранешните клубови
„Доколку клубот има вистинска структура, вистинска амбиција, немам проблем да се вратам. Мислам дека е гордот кога клубот каде сте работеле претходно ве сака назад“, вели Мурињо.
„Единствениот клуб за кој чувствувам дека не сум ја завршил работата во моментот кога сум заминал е Манчестер јунајтед, но од сите други клубови сум заминал со најдобро чувство“.
„Едно од моите најдобри чувства во фудбалот беше враќањето во Челси. Кога луѓето сакаат да ве вратат по втор пат тоа значи дека знаат колку сте добар“.