Ривалството меѓу Мурињо и Бенитез почнува од времето кога Португалецот го водеше Челси, а шпанскиот стратег седеше на клупата на Ливерпул.
Двајцата стратези обично немаа убави изјави еден за друг, но овој пат Мурињо има само пофалби за Рафа Бенитез.
„Тој е многу добар тренер и Њукасл секогаш е многу добро организиран, особено кога игра против екипи од горниот дел на табелата“, вели Мурињо.
„Бенитез е многу паметен кога станува збор за анализа на противниците и се обидува да ги спречи нивните квалитетни страни“.
„Во досегашниот дел од сезоната не им земаа бодови на најдобрите екипи но резултатски беа многу блиску и им пружаа голем отпор на фаворитите. Очекувам тежок натпревар“.
Дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Њукасл се игра во сабота со почеток од 17:30 часот.