Мурињо го „измеша“ составот па Јунајтед се враќаше од два гола негатива кај Саутемптон (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Експериментот на
Жозе Мурињо против Саутемптон не вроди со плод, „ѓаволите“ си заминаа само со
бод од „Сент Мерис“.

Манчестер
јунајтед започна со тројца играчи во одбранта, од кои всушност двајца се
фудбалери од средниот ред (Мектоминеј и Матиќ) па брзите напаѓачи на Саутемптон
се шетаа околу и во шеснаесетникот на противникот.

Тоа резултираше со предност од два гола за „Светците“ по само 20 минути игра. Најпрво Амстронг
го отвори резултатот а потоа Соареш прекрасно од слободен удар зголеми на 2-0.

Гостите делуваа
изгубено во овој период, но се вратија во игра по една брза контра. Погба
испрати долга топка за Рашфорд кој се ослободи од Јошида и му асистираше на
Лукаку за 2-1. Само пет минути подоцна веќе беше 2-2. Рашфорд одново асистираше
а овој пат Ерера со пета го матираше голманот на Саутемптон.

И покрај тоа што
психолошкиот притисок беше на страната на Манчестер јунајтед, избраниците на
Мурињо не успеаја да наметнат игра во продолжението од мечот. Премногу грешеа
во додавањата, завршницата од нападите беше очајна па на крајот двата тима ги поделија
бодовите.

Претходно од 16
часот, Манчестер Сити без многу проблеми со 3-1 триумфираше над Борнмут и се
зацврсти на врвот на табелата пред утрешните дерби пресметки на Лондон и
Ливерпул. Кристал Палас со 2-0 го совлада Банрли, со истиот резултат Лестер
славеше против Ватфорд, додека пак Вест Хем и Брајтон стигнаа до гостински
победи над Њукасл, односно Хадерсфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани