70
Карлос Винисиус е засилувањето број шест за Тотнем ова лето. Жозе Мурињо со месеци бараше ангажман на нов напаѓач и замена за Хари Кејн, „спарси“ се поврзуваа со неколку имиња а на крајот изборот падна на 25 годишниот Бразилец од Бенфика.
Тој пристигнува на позајмица за која ќе бидат платени околу 2.7 милиони фунти (3 милиони евра) а Тотнем ќе има опција во целост да го купи играчот за 40 милиони фунти (45 милиони евра) по крајот на сезоната.
#BemVindoVinícius pic.twitter.com/rSf0K56OA6
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) October 2, 2020