Мурињо: Бејл нема пропуштено ниту една минута од тренинзите, се надевам дека наскоро ќе игра на подобро ниво

by
1 минути читање

Бејл беше стартер на мечот против Антверпен, но во текот на второто полувреме беше изваден од игра. Неговиот учинок беше неприметлив.

Тој дојде како големо засилување за Тотнем, но Велшанецот се уште не почнал да го покажува она кое од него сакаат да го видат фановите.

„Седум години е долг, долг, долг период, кој фудбалер во светот е ист каков што бил пред седум години? Понекогаш тие не се подобро ниту полоши, едноставно се поразлични фудбалери отколку што биле“, вели Мурињо.

„Видете го примерот со Роналдо и Меси и споредете ги нивните сегашни игри со тие од пред седум години. Тие играат на различни делови на теренот, играат на различни позиции. Тие ги трансформираат нивните квалитети со цел да одговорат на задачите на тактичките системи на нивните тимови. Мислам дека тоа се случува со повеќето фудбалери. Па секако дека и Бејл е поразличен отколку пред седум години“.

„Бејл работи навистина многу, многу напорно, напредува, нема ниту една повреда откако се опорави од последната. Нема пропуштено ниту една минута од тренинзите. Се уште е тешко да игра 90 минути, се уште е тешко да игра на висок интензитет, но напредува и се надевам дека наскоро ќе биде на подобро ниво“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани