Фудбалерот на
Тотенхем, Лукас Мура за момент се пронајде себе си во редовите на Тотенхем
откако може да се заклучи дека „се спаси“ од ПСЖ каде не добиваше минутажа за
докажување.
Бразилецот
сведочи за тоа како избегал од насилството низ улиците на Сао Паоло,
офанзивецот е дел од проект воден од страна на фондација на Тотенхем за да се
искористи фудбалот за да ги едуцира децата да се посветат на вистинскиот пат на
животот.
26 годишниот Мура
израснал во најопасниот град во Бразил, фудбалот бил неговата опсесија во една
таква ситуација, а за градот, ќе додадеме дека има највисок степен на убиства
во Јужна Америка на статистички план.
„Беше многу тешко
кога бев млад, таму постоеа многу проблеми со насилство, криминал, дрога,
едноставно се’ се сведуваше
на криминален живот“ вели Мура.
„Имав пријатели
кои го одбраа криминалниот живот, некои од нив се во затвор, а некои пак, веќе
не се живи, тие го одбраа лошиот пат. Јас играв многу фудбал низ улиците, мојот
сон беше да станам фудбалер, токму затоа не тргнав по лошиот пат, верував дека
ќе успеам да го остварам својот сон и да му дадам нов живот на моето семејство,
моите родители ми го покажаа вистинскиот пат, оној добриот, едукацијата која ја
имав од нив постојано ми даваше сила, енергија и верување дека ќе успеам“
додава Бразилецот кој тврди дека животот во Сао Паоло денес е уште потежок од
претходно, состојбата делува и застрашувачка.
„Во Сао Паоло
денес е многу полоша состојбата во однос на тоа што беше десет години
претходно, насилството е уште поголемо. Моите родители не живеат на исто место,
но јас имам пријатели и роднини кои се уште живеат таму, кога сум во Бразил
одам таму да ги посетам, знае да биде страшно, по цели ноќи се случуваат многу
кражби на автомобили, ситуацијата таму е навистина многу тешка“ заклучи Мура.