Офанзивецот на
Тотенхем, Лукас Мура кој се „препороди“ во Тотенхем по тоа што го мина во ПСЖ,
посебно во периодот под кормилото на Унаи Емери, викендов ќе се соочи токму со
шпанскиот стратег во редовното 14 коло во Премиерлигата.
Во недела Арсенал
на домашен терен го пречекува Тотенхем во градското дерби на Лондон, а сигурно
дека Мура ќе има голема мотивација во гостинскиот табор за да се докаже пред
Емери, за кого вели дека периодот минат со него во редовите на францускиот тим
бил најтешкиот за него.
„Беше многу
тешко, најтешките седум месеци од мојот живот“ вели Мура.
„Имав многу добра
сезона, бев втор стрелец на тимот, само Кавани беше пред мене, а наредната, бев
изоставуван на натпреварите, праќан само на тренинзи, дури и се враќав дома,
беше многу тешко…“ додаде Бразилецот кој постигна четири погодоци во 12.
настапи сезонава во Премиерлигата.