Милан ја разгледува можноста да го засили средниот ред со Едерсон од Аталанта, откако пропадна неговиот најавен трансфер во Манчестер Јунајтед.
Според италијанскиот новинар Николо Шира, „росонерите“ веќе стапиле во контакт со претставниците на бразилскиот фудбалер за да ја испитаат можноста за евентуален трансфер. Едерсон беше многу блиску до преселба на „Олд Трафорд“, но договорот пропаднал поради загриженост околу неговата здравствена состојба.
Милан во моментов приоритетно бара засилувања на бековските позиции, но не ја исклучува можноста да доведе и нов играч во средниот ред, особено ако дојде до заминувања во средниот ред.
Засега нема официјална понуда, но интересот кон Едерсон е реален и би можел да прерасне во конкретни преговори во наредниот период.