61
До денес само од Ливерпул зависеше дали ќе ја освојат титулата во Премиерлигата, но веќе не е така, Манчестер Сити има еден бод предност и тие се во подобра позиција.
Ливерпул одигра уште еден неубедлив натпревар, имаше по една шанса преку Салах во двете полувремиња, недоволно за да ја затресе мрежата на Евертон.
Карамелите можеа да дојдат и до целиот плен, беа подобри особено во второто полувреме, но не беше совладан ниту Алисон Бекер.
По 29. кола Манчестер Сити има 71 бод, а Ливерпул 70.