По изненадувачкиот отказ кој му го врачи на Раниери, раководството на Лестер наскоро треба да назначи негов наследник. Англиските медиуми веднаш тргнаа со шпекулации.
Како главен фаворит се посочува друг Италијанец, поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Роберто Манчини.
Манчини е без работа откако на почетокот од сезоната замина од Интер, па неговото име често се поврзува со враќање во Премиерлигата, а многумина сметаат дека сега е идеалниот момент.
Втор на листата е Алан Пардју кој во декември доби отказ од кормилото на Кристал Палас. Не е исклучено ниту враќање на Најџел Пирсон, човекот кој го врати клубот во Премиерлигата, со кој ја освоија титулата во Чемпионшип 2013/2014.
Поранешниот тренер на Ајакс и Интер, Франк де Бур исто така е еден од кандидатите според обложувалниците.
А се шпекулира и со името на Мартин Онил кој исто така во минатото беше менаџер на Лестер. Тој има две Лига куп титули со клубот кој го водеше од 1995 до 2000.