Може ли Тотнем да го следи Ливерпул? Враќањето на Сон е голема надеж за Покетино

by
3 минути читање

Вечерва се игра
втората реванш пресметка во полуфиналето од Лигата на шампионите, по
синоќешното чудо на Ливерпул кој анулираше негатива од 0-3 против Барселона,
Ајакс по минималната победа на гости кај Тотнем тргнува со голема надеж за
пласман во големото финале.

На Островот се
надеваат на англиско финале, но тимот на Покетино ќе има тешка задача против
неверојатниот млад состав предводен од Тен Хаг, кој претходно ги елиминираше
бранителот на европската титула Реал Мадрид, како и Јувентус, кој беше еден од
главните фаворити сезонава.

Тотнем е во голем
хендикеп поради повредата на Кејн, но, постои надеж по враќањето на Сон од
суспензијата, можеби во него е клучот на успехот во кој барем малку се надева
Покетино.

Спортсмејл во
својата анализа во пресрет на пресметката на Јохан Кројф арената во Амстердам,
пишува дека главниот збор ќе го имаат Муса Сисоко и Френки де Јонг на средината
од теренот, се вели дека Сисоко носи контрола во играта, а на спротивната
страна Де Јонг пак има енергија за да го следи секој чекор на Сисоко, од кого
сигурно ќе се бара што е можно побрзо ослободување од топката.

Фанатичен,
тренер што бара максимум од своите избраници, сериозен и тактички доста добро
подготвен тренер од кого противниците сигурно се плашат, перфекционист во
секоја смисла на зборот, кој на враќањето во Амстердам по дебаклот кој му го
нанесе на Реал Мадрид од 4-1, ја „студираше“ играта на Фортуна Ситард,
тогашниот следен противник на програмата за Ајакс
“ пишува Дерек Брукман,
репортерот за Ајакс при УЕФА на официјалниот сајт на европската куќа на
фудбалот во специјализираното издание за вечерашната реванш пресметка во
Амстердам.

Има еден
статистички податок кој не оди во прилог на Англичаните, а тоа е дека Спарси ги
загубиле последните шест меча во Премиерлигата на гости, што воедно претставува
најлош учинок на тоа поле од мај 2004. година
, а генерално, последната победа на гости Спарси ја забележаа
на гостувањето кај Борусија Дортмунт (0-1), како потврда за претходната домашна
победа од 3-0 во осминафиналето.

Според мене,
сите опции се отворени, сите веќе го гледаат Ајакс во финалето, но, мораме да
се увериме во тоа, ние веруваме во себе, за нив, бранењето на водството е нова
ситуација, а ние веќе имавме такво искуство, сите не отпишуваат, но доколку
погодиме ќе се вратиме во игра целосно
“ посочи Покетино.

Сите знаеме за
каков меч станува збор, какво е неговото значење, ова е според мене најважниот
натпревар за Ајакс на овој стадион, едноставно е, не ни е потребна дополнителна
мотивација од тоа
“ рече шефот на стручниот штаб на Ајакс, Тен Хаг.

„Дејли Мејл“ направи и една најава за можните почетни состави, очекувањата се Ајакс да настапи во формација 4-3-3, со Тадиќ како главна карика во нападот, а гостите во формација 4-3-1-2, со Деле Али како полушпиц веднаш зад Сон и Мура.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани