Мота: Мурињо си бара непријатели, ако нема ќе ги измисли

by
1 минути читање

Мурињо е еден од најконтроверзните тренери во историјата на фудбалот, но и еден од најдобрите. Португалецот е специфичен, а тоа го објаснува и Мота кој имаше можност да работи со него.

„Мурињо има две лица, едно е среќно кога победува, и едно нервозно кога губи. Неговото расположение зависи од резултатот“, вели Мота.

„Доколку тимот игра добро но загуби, тој не може да најде ништо позитивно. Но ако тимот игра лошо и победи, тогаш е задоволен“.

„Мурињо не бара убавина, тој бара непријател. Доколку нема, ќе измисли некој“.

„Со Интер имавме 11 бода предност во лигата, загубивме меч а потоа одиграввме реми. Во понеделникот тој држеше 15 минутен прес во кој ги нападна сите: Галијани, Милан, Рома, судиите, Јуве. Му беше потребно да ја промени атмосферата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани