„Моравме да се ослободиме од Роналдо, имаше дури 94 кг и секоја вечер се журкаше!“

by bojan
1 минути читање
Роналдо Феноменот во дресот на Раел Мадрид

Фабио Капело вели дека Роналдо „Феноменот“ е најдобриот играч кој некогаш го тренирал, но морал да се ослободи од Бразилецот поради тоа што имал дури 94 кг и секоја вечер се журкал.

На крајот од „галактикос“ ерата на Реал Мадрид, Фабио Капелo летото во 2006 по втор пат седна на жешкото столче на „кралевите“.

Роналдо и Дејвид Бекам беа единствените ѕвездени имиња останати, но беа во втор план, Бразилецот беше продаден веќе во јануари.

Фабио Капело во неколку наврати има објаснето зошто толку брзо се ослободил од популарниот „Феномен“, а сега уште еднаш се потсети на одлуката.

„Роналдо е најдобриот играч кој некогаш сум го тренирал. Но тој во исто време беше дечко што обожава да се журка секоја вечер“ – раскажува Италијанецот.

„Тој беше луд, имаше дури 94 кг, и никако не сакаше да ослабне. Кога беа преминати сите граници, му кажав на претседателот дека мораме да се ослободиме од него, немаше надеж дека нешто ќе се промени во иднина“.

„Па се ослободивме од него. Но морам уште еднаш да повторам, тој беше најдобриот играч кој некогаш сум го тренирал“.

ФОТО: X/UEFA Champions League

Можно е и ова да ти се допаѓа

×