Поранешниот сопственик на Интер, Масимо Морати вели дека имал можнос да го ангажира Лео Меси, но се откажал од зделката кога разбрал што се прави Барселона за здравјето на Аргентинецот, а најголема неостварена желба му е Андрес Иниеста.
Пред 30 години, Масимо Морати стана претседател на Интер, па по овој повод седна на разговор со Кориере дела Сера.
Запрашан за тоа кој фудбалер му е голема неостварена желба, тој вели: „Андрес Иниеста. Имаше еден период кога бевме прилично примамливи како клуб и имавме огромна економска ноќ, не велам дека можевме да го купиме секого… но речиси секого“.
„Што се не сторив, дипломатски потези на неколку фронта, со посредници, лично преговарање, но ништо не успеваше. Беа подготвени да продадат било кој друг, само не Иниеста. Можевме да доставиме луда понуда, но и тоа немаше да биде доволно за да го ангажираме“.
Масимо Морати потоа откри дека сакал да го ангажира и Лео Меси, но се повлекол откако дознал дека Барселона се грижи за здравјето на Аргентинецот.
„Го следевме на Светското првенство за играчи до 18 години, но кога дознав што се Барселона прави и како се грижи за неговото здравје, се откажав, ви се колнам“.