Морати: Мурињо е тренерот кој се уште го имам во срцето, најголемиот победник помеѓу сите тренери

by
2 минути читање

Поранешниот
претседател на Интер, Масимо Морати вели дека Жозе Мурињо е неговиот омилен
тренер, а открива и дека се обидел да го ангажира Марек Хамшик кој своевремено
настапуваше во дресот на ривалот Наполи.

„Нероаѕурите“ во
моментов се лидер на табелата во Серија А со дури девет бода предност во однос
на второпласираниот, градскиот ривал Милан, а Морати верува дека Интер добро ќе
ја менаџира ситуацијата до крајот на актуелната сезона.

Интер има добра
предност, верувам во овој тим, не би сакал да кажам нешто конкретно во една
ваква прилика, но сметам дека Интер ќе успее успешно да ја менаџира оваа
ситуација, Јувентус има меч помалку, но ќе мораат да играат против Наполи

изјави Морати за „Радио Кис Кис“, а потоа се префрли на неговата ера во клубот.

Жозе Мурињо е
тренерот кој се уште го имам во срцето, истовремено тој е најголемиот победник
помеѓу сите тренери, дури и да го споменеме Роберто Манчини со кого почнавме да
победуваме во континуитет, а да не го заборавам ниту Џиџи Симони
“ додаде
Морати.

Сакав да го
ангажирам Марек Хамшик, му се јавив на Де Лаурентис (претседателот на Наполи),
но тој категорично ме одби тврдејќи ми дека не сака да го продаде, наша е
грешката што не успеавме да го ангажираме од Бреша кога можевме, Лавеци исто
така беше одличен фудбалер, во тој период немаше огромна разлика помеѓу
клубовите, сите можеа да дојдат до квалитетно засилување, како и да успеат во
намерата да го задржат првенството балансирано
“ заклучи поранешниот прв човек
на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани