121
Медиумите од Италија пренесуваат деа Алваро Мората бил хоспитализиран по денешниот тренинг на Милан, напаѓачот завршил во болница по еден судар со глави со Страхиња Павловиќ.
Милан ќе биде без Алваро Мората на натпреварот против Каљари во сабота.
Како што пренесува Скај Италија, напаѓачот бил хоспитализиран по денешниот тренинг на „росонерите“, Шпанецот завршил во болница по еден судар со глави со Страхиња Павловиќ.
Веднаш била направена МРИ снимка и за среќа резултатите биле негативни. Но како што налагаат протоколите, тој останал во болница на опсервација и нема да биде во комбинација за гостувањето во Сардинија.