587
Андреа Пирло имаше многу проблеми со повредите во пресрет на дуелот со Специја, на загревањето остана и без Де Лихт, но Јувентус без многу проблеми стигна до трите бода.
Отпорот на гостите беше скршен по еден час игра, Алваро Мората влезе од клупата и веднаш погоди за 1-0.
Десетина минути подоцна, Киеза зголеми на 2-0 за во финишот од мечот Роналдо од врвот на шеснаесетникот со лева да погоди за 3-0.
Ова беше погодокот број 20 на ЦР7 оваа сезона во Серија А, па тој сега може да се пофали дека постигнува 20+ погодоци во последните 12 сезони.