63
Во една од двете дерби пресметки во Серија А ова коло, Јувентус со 3-1 го совлада Лацио.
Гостите добро го започнаа мечот, искористија едно погрешно додавање на Кулушевски и поведоа во 14. минута со голот на Кореа.
Сепак, на пет минути ред крајот на првиот дел, Рабио прекрасно погоди од тежок агол за 1-1.
Јувентус притисна во вториот дел и поведе со голот на Алваро Мората во 57. минута.
Само три минути подоцна, Мората ги реши сите дилеми и со гол од пенал донесе 3-1.