Мончи ги победи сите, Рома и Ајакс се договорија за Клајверт, Рајола дал зелено светло

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесува Калчомеркато, Рома и Ајакс веќе се договориле за
трансферот на младиот и суперталентиран фудбалер на Ајакс, Џастин Клајверт.

Клајверт
дефинитивно нема да стави потпис на продолжување на соработката со Ајакс која
истекува идното лето, а клубот е приморан да го продаде ова лето за да заработи
при негов трансфер.

Рома, според
информациите, големиот талент ќе го добие за 15 милиони евра, а додатно ќе
плати и 5 милиони евра во бонуси, а покрај тоа, наводно спортскиот директор на
Римската волчица, Мончи веќе се договорил и со агентот на фудбалерот,
контроверзниот Мино Рајола, чии услови исто така се исполнети.

Доколку се
остварат најавите, Клајверт би било третото засилување за Рома ова лето, по
Маркано и Кристанте.

Ќе потсетиме дека
неколку европски гиганти водеа битка за потписот на големиот талент од Ајакс,
меѓу кои беа и Манчестер јунајтед и Барселона, а се споменуваше и Арсенал, со тоа, Рома би излегла како голем
победник доколку се остварат најавите на Калчомеркато.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани