Монако го промовираше новиот тренер, на секој натпревар ќе плаќа глоба од 25.000 евра

by bojan
1 минути читање

Монако денеска го промовираше Филипе Луис за нов тренер, Бразилецот нема УЕФА Про лиценца, па клубот од малото кнежевство на секој натпревар ќе плаќа глоба од 25.000 евра.

Филипе Луис се промовираше во еден од најдобрите млади тренери откако му донесе голем успех на Фламенго, па неколку клубови од Европа пројавија интерес за неговите услуги.

На крајот најупорен се покажа Монако, а како пресудна се покажа, заложбата на клубот од кнежевството на секој натпревар да плаќа глоба од 25.000 евра.

Имено, Филипе Луис нема УЕФА Про лиценца, па доколку седи на клупата, ќе биде удрен по џебот.

Монако реши да го покрива овој трошок, па откако беа испеглани сите детали, попладнево пристигна и официјална потврда дека Бразилецот седнува на кормилото на „Луј Втори“ стадионот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×