Момчето што собира топки откри зошто го одбил Мурињо и славје во соблекувалната: Имав тест по математика следниот ден!

by
2 минути читање

„Спарси“ во
вторникот со 4-2 го совладаа Олимпијакос и покрај тоа што имаа заостанување од
два гола. Деле Али во судиското надополнување на првиот дел даде гол кој ги
врати домаќините во живот, а за пресвртот значаен беше и потегот на едно од
момчињата кои собираат топки.

На стартот од
второто полувреме, 15 годишниот Калум Хајнс реагираше спретно, го послужи Орие со
топка, десниот бек брзо изведе аут и отвори контра по која Хари Кејн изедначи
на 2-2. Жозе Мурињо веднаш стана да му честита на момчето и се поздрави со
него, а го повика и да прослави во соблекувалната заедно со играчите.

Во разговор со официјалната
веб страна на Тотнем, Калум Хајнс открива дека морал да го одбие „специјалниот“
бидејќи брзал да се врати дома, следниот ден имал тест по математика во училиште.

„Сето тоа беше
нерејално. Јас само си ја вршев работата и се уште не можам да поверувам што се
случи. Дури не успеав да го видам голот! Тргнав да ја земам топката која беше
исфрлена во аут и потоа слушнав прослава. Се свртев и го
видов Кејн како се радува“
– вели Калум Хајнс, кој веќе шест години
собира топки на мечевите на Тотнем.

„Погледнав кон
големиот екран за да ги видам повторените снимки и што точно се случи. Од
мојата насмевка можете да забележите дека сето тоа беше неверојатно. Немаше
потреба од гестот на Жозе. Навистина убаво беше од негова страна што ми пријде.
Ми го направи денот, животот! Ги обожавам „спарси“ и ова е прекрасен момент
кој никогаш нема да го заборавам“.

„Не можев да
останам и да славам во соблекувалната. На пат кон дома, користев запалка во
колата за да ги повторам задачите за тестот по математика кој ме чекаше следниот ден“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани