Реал Мадрид е
подготвен да му понуди на Лука Модриќ да остане во клубот дополнително уште
една година, а неговиот актуелен договор истекува идното лето.
Претходно, „Мундо
депортиво“ тврдеше дека на Хрватот ќе му биде дозволено да си замине од клубот
доколку тој тоа го посакува, меѓутоа извесно е дека фудбалерот од средниот ред
ќе игра во дресот на шпанскиот гигант до својата 36. година.
Како и да е, „Спорт“
наведува дека на Модриќ ќе му биде понуден нов договор но во времетраење од
една година, по тврдењата на Хрватот дека посакува својата кариера да ја заврши
токму на „Сантијаго бернабеу“.
Освојувачот на
Златната топка во 2018. година беше поврзуван со трансфер во Интер, меѓутоа до
трансфер во редовите на „Нероаѕурите“ не дојде.