Според пишувањата на Мундо Депортиво, Лука Модриќ ќе му стане соиграч на Лео Меси во Интер Мајами, фудбалерот од средниот ред ќе стави потпис на едногодишен договор и ќе заработува 2,5 милиони долари годишно.
Реал Мадрид синоќа потврди дека Лука Модриќ по крајот на сезоната ќе го напушти „Бернабеу“.
Хрватот сакаше уште една година да го носи белиот дрес, дури му се јавил и на новиот тренер Чаби Алонсо и „фаќал врски“ да остане, но Флорентино Перез и неговите соработници решиле дека е време за разделба.
Како што пишува Мундо Депортиво, Хрватот нема долго да тагува по „кралевите“ и веднаш ќе пронајде нов клуб.
Весникот пренесува дека Лука Модриќ ќе му се придружи на Лео Меси и ќе стави потпис на едногодишен договор со Интер Мајами, според кој ќе заработува околу 2,5 милиони долари.
Изминатиов период често имаше гласини за еден ваков трансфер, дури се пишуваше и дека Лео Меси лично му се јавил на Лука Модриќ за да го убеди да му се придружи во Интер Мајами.