Модриќ доби морбидни закани по својот живот (ФОТО)

by
3 минути читање

Капитенот на
Хрватска, Лука Модриќ го промени својот исказ во судењето против контроверзниот
Здравко Мамиќ, а поради тоа сега се товари под обвинение за лажење во судскиот
процес.

Фудбалерот на
Реал Мадрид се најде на удар на екстремните навивачи од Далмација кои беа
револтирани од таквата негова постапка, но, денес проследивме нешто ново.
Засега не е јасно од кого се упатени овие вознемирувачки пораки и закани кон
животот на Модриќ, во моментов постојат само претпоставки во јавноста, но, истите сведочат за голем бес кон фудбалерот.

Не е познато која
е причината за сево ова, а одредени медиуми шпекулираат дека се работи за
револтирани навивачи откако Модриќ го промени својот исказ во судењето против
Мамиќ за финансиски проневери со клупскиот буџет на Динамо Загреб.

Мамиќ доби
затворска казна од шест ипол години во првостепената пресуда од судот во
Осијек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани