На Островот
пишуваат дека на напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе му се прогледа
низ прсти за тотално лошиот потег кој го стори откако ја фати за врат асистент
судијката Сијан Мејси-Елис во текот на дербито со Арсенал на домашен терен кое
„Граѓаните“ го добија минимално во рамките на петтото коло од Премиерлигата.
Аргентинецот
негодуваше откако во една ситуација не се сложи со судијката која им додели аут
на гостите, па при својата реакција дури и ја фати судијката за врат, а овој
негов потег наиде на гневни реакции на социјалните мрежи кои бараат казна за Аргентинецот.
Како и да е, „Гардијан“
известува дека Агуеро нема да се здобие со казна од дисциплинската комисија за
тој потег, а секако чуден е фактот што ниту во ВАР собата за време на дербито
не реагираа за санкционирање.
class="twitter-tweet">
Во однос на
случајот со Агуеро, многумина потсетуваат дека фудбалерите не смеат да имаат
физички контакт со делителите на правдата во ниту еден момент од натпреварите.